Дома Топ вести Агентот откри: ПСЖ одбил богатство од Реал за Нејмар

Агентот откри: ПСЖ одбил богатство од Реал за Нејмар

Во 2019 година Реал Мадрид бил спремен за плати неверојатни 300 милиони евра за Нејмар, откри еден од агентите на Бразилецот, Вагнер Рибеиро.

Тоа би бил најголем трансфер во историјата на фудбалот и би ја надминал сумата од 222 милиони евра која ПСЖ ја плати за Нејмар во 2017 година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Две години после трансферот на Нејмар во Франција, Реал силно го посакуваше. Претседателот Перез ме контактираше и ми кажа дека е спремен да плати 300 милиони евра. Шефот на ПСЖ Ал-Келаифи ми кажа дека нема да го пушти по никоја цена“, открива Рибеиро за „Екип“.

Тогаш се шпекулираше дека Нејмар е незадоволен во Париз и сака да ја промени средината, па Реал се обидел да ја искористи таа ситуација.

Рибеиро откри дека Нејмар бил блиску до трансфер во ПСЖ уште во 2015 година додека играше за Сантош.

„Имавме средба на Ибица, јас, спортскиот директор на ПСЖ и Ал-Келаифи. Тогаш ПСЖ му предложи 26 милини евра по сезона, плус приватен авион и акции од ланец хотели. Меѓутоа трансферот не се случи не поради финансиски причини. Едноставно, Нејмар сакаше трансфер во Барса и го одби Париз“, отрки агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …