Oткако пропадна можноста Манчестер Јунајтед да го доведе Паоло Дибала во финишот од предниот рок кој во Англија завршува за неколку дена ќе се насочи кон други мети.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кутињо е една од опциите кои се споменуваа и претходно. Бразилецот е во втор план во Барселона каде што Меси, Суарез, Гризман и Дембеле се пред него.
Значи поранешниот играч на Ливерпул и 120 милиони евра платениот Кутињо е на излезни врати од „Камп Ноу“. Можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед кратко ја прокоментира неговиот агент.
„Манчестер Јунајтед е голем клуб. Таму играат одлични играчи и навистина имам почит кон тој клуб. Меѓутоа тешко дека Јунајтед ќе го доведе Кутињо. Би кажал и невозможно“, изјави Јорбачијан и така веројатно ја затвори можноста Кутињо да се пресели во Јунајтед.