Дома Трансфер зона Агентот на Жоржињо ја отвори вратата за трансфер во Јувентус

Агентот на Жоржињо ја отвори вратата за трансфер во Јувентус

Италијанските медиуми веќе подолго време пишуваат дека примарна цела на Јувентус ова лето ќе биде плејмејкерот на Челзи, Жоржињо.

Тренерот Сари смета дека Жоржињо ќе биде идеален наследник на Миралем Пјаниќ, кој е на излезна врата од Јувентус.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес и агентот на италијанскиот репрезентативец ја отвори вратата за трансфер на неговиот клиент во Јувентус.

„Јувентус е еден од најголемите клубови во Европа и секој фудбалер би сака да игра таму. Сакам да потенцирам дека не сум бил во контакт со директорите на Јувентус. Жоржињо има договор уште 3 години, ќе видиме што ќе се случи кога ќе заврши сезоната“, изјави агентот Жоао Сантос.

Потоа беше запрашан дали Жоржињо би сакал да се пресели во Јувентус.

„Повторувам, Јувентус е еден од најголемите клубови и секој сака да игра во тој клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…