Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо ова лето би можел да се врати во Серија А, откри неговиот агент.
Агентот Жоао Сантош откри дека трите најголеми италијански клуба го сакаат Жоржињо и ќе се обидат да го донесат ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Жоржињо би бил среќен да се врати во Италија. Тој има договор со Челзи на уште две години, но наскоро ќе има преговори за продолжување на договорот. Во моментов неговата цена е 50 милиони евра. За него интерес покажува Јувентус, но и Милан и Интер. Сепак, не знам дали Челзи е спремен да го пушти“, откри агентот.
Jorginho rivuole l'Italia e il Napoli 🔙💙
— Goal Italia (@GoalItalia) April 8, 2021
Ma attenzione alle alternative… pic.twitter.com/MnTboFAz2f