Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала е се поблиску до заминување од клубот како слободен агент, пренесува „Газета дело Спорт“.
Дибала го загубил трпението и смета дека „старата дама“ нема желба да ги исполни неговите барања, па е спремен да си замине.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик околку продолжување на соработката.
Агентот на Дибала веќе разговарал со неколку клуба, а последните информации од Апенините се дека имал состанок со Малдини и го понудил Аргентинецот на Милан.
Се уште не е јасно каков бил одговорот на „росонерите“ кои се во потрага по крилен напаѓач за следната сезона, но прва желба е Доменико Берарди.
🚨 Dybala a été offert par son son agent à Milan !
— Milan Origin 🇲🇫 (@ACMilanOrigin) March 11, 2022
🗞 @QSVS_Official via @RudyGaletti pic.twitter.com/dZSO49jjDW