Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но е спремен да ја промени средината во зимскиот преоден рок.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неговиот агент Жорге Мендеш го понудил Аргентинецот на италијанскиот гигант Милан, пренесуваат медиумите на Апенините.




„Росонерите“ бараат засилување за десната крилна позиција, но се уште не дале конечен одговор за негов ангажман.




Милан е спремен да го ангажира веднаш 33-годишниот Ди Марија, но не сака да плаќа никаква компензација и бара од ПСЖ да го ослободи фудбалерот.




Сепак, многу поверојатно е Ди Марија да се пресели во Милано на крајот на сезоната како слободен агент.