Дома Фудбал Останато Австрија го брка последниот воз, Босна е на чекор до целта!

Австрија го брка последниот воз, Босна е на чекор до целта!

Австрија вечерва ја пречекува репрезентацијата на Босна и херцеговина во дербито од Групата Ц.

Репрезентацијата на БиХ игра фантастично под водство на Роберт Просинечки и се уште не доживеала пораз во официјален натпревар откако Хрватот седна на кормилото. Од друга страна ова е последна шанса за Австрија дојде до лидерското место во групата.

Австрија го брка „последниот воз“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Репрезентацијата на Австија после два одиграни меча во Лигата на наации има три бода и заостанува шест бода зад БиХ која пак има и натпревар повеќе. Поради тоа ова е шанса Австрија да го фати „последниот воз“ за првото место во групата, па едноставно се наоѓа пред императив победа.

Оваа репрезентација беше поразена со минимални 1:0 на гостувањето во БиХ, но не остави лош впечаток. Сега со помош на домашната публика би требало да пружи многу подобра партија и со победа да остане во трка за првото место. Селекторот Фод поради повреда нема да може да смета на Сабитцер и Грилич, двајца многу важни фудбалери кои играат во Бундеслигата.

Босна е во фантастична серија

Репрезентацијата на БиХ под водство на Роберт Просинечки игра навистина одлично и се уште нема пораз на официјален натпревар. Тие се лидери во групата со 9 бода од три меча, па едносвано доволно им е само еден бод од ова гостување. Репрезентацијата на Босна и херцеговина не знае за пораз уште од февруари оваа година кога беше поразена од Мексико во пријателски меч.

Од тогаш „змеовите“ имаат 100% учинок, а во Лигата на нации имаат три победи и гол разлика 5:1. Во овој натпревар Просинечки нема да може да смета само на Асмир Беговиќ, кој и онака е резерва на Шехиќ, па неговото отсуство нема воопшто да се забележи.

Веројатни состави:

Австрија: Линдер, Илсанкер, Хинтерегер, Драговиќ, Алаба, Шопф, Зуљ, Лајнер, Арнаутовиќ, Бургсталер, Лазаро.

БиХ: Сехиќ, Чивиќ, Зукановиќ, Сањиќ, Врањеш, Пјаниќ, Бешиќ, Сариќ, Дулјевиќ, Џеко, Виска.

Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…