Дома Фудбал Репрезентации Австрија без најголемата ѕвезда против Македонија

Австрија без најголемата ѕвезда против Македонија

Македонската фудбалска репрезентација утре игра уште еден квалификациски дуел, овојпат против репрезентација на Австрија.

Нашиот национален тим ќе се обиде да се рехабилитира од поразот против Полска и да оствари позитивен резултат против Австрија.

Добра вест за нас е што, Австрија во Скопје ќе допатува без својата најголема ѕвезда Давид Алаба.

Алаба го повреди бутниот мускул на дуелот со Словенија и веднаш го напуштил тренинг кампот. Според најавите селекторот Франко Фода во Скопје ќе може да смета на 22 фудбалери.

Освен Алаба неизвесен е и Мартин Хинтенегер, додека нашиот селектор Игор Ангеловски нема да може да смета на Висар Муслиу кој заработи исклучување на мечот против Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Италија обезбеди место во првиот шешир за ЕУРО 2028

Италија е во трка за четвртфиналето на Лигата на нации, но веќе обезбеди место во првиот ш…