Дома Македонски спорт Мак фудбал Аврамовски порача: Спасете го Вардар, срцето на Скопје и душата на Македонија

Аврамовски порача: Спасете го Вардар, срцето на Скопје и душата на Македонија

Фудбалерот на Вардaр и најдобар стрелец до прекинот на првенството во Македонија, Даниел Аврамовски денес на социјалните мрежи се огласи со статус за „Спас на Вардар“.

Аврамовски преку статусот повикува да се спаси Вардар „срцето на Скопје и душата на Македонија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


СПАСЕТЕ ГО ВАРДАР!!! ОВОЈ КЛУБ Е СРЦЕТО НА СКОПЈЕ И ДУШАТА НА МАКЕДОНИЈА!

„Титулата е на дофат а низ Европа ние играчите ќе гинеме за овие свети бои. Да донесеме нови резултати и пари за клубот. Само сега помогнете, без Вардар нема фудбал во нашава земја“,

Времето поминува а спасот сеуште го нема. Вардар до утре треба да ги расчисти сметките за да ја добие лиценцата од ФФМ за настап на евро-сцената. Процес кој е под силен надзор на УЕФА. Во екот на пандемијата, полициски часови, пауза.. се случува новиот кошмар за најголемиот клуб во Македонија. Втор последователен лиценцен кикс би можел да донесе повеќегодишна забрана а со тоа и страшни последици за клубот.
Фудбалерите исто така како и армијата навивачи чекаат, чекаат и чекаат!
„Последниве неколку недели се будиме и заспиваме со Вардар, со неивесноста но и со надеж дека се ќе се среди. Но еве сведоци сме дека има проблем. Читаме за истите, за потегот на управата да го врати клубот на градот. Ние играчите сакаме да ја завериме титулата на терен, да играме, да победуваме и да се радуваме за Вардар со нашите навивачи.

„Спасете го Вардар. Секој што може да помогне треба да подаде рака. Овој клуб е историја, овој клуб е срцето на Скопје, гордоста на скопјани но и душата на фудбалот во Македонија. Ако го нема Вардар тоа ќе биде голем удар на сите сегашни и минати генерации и генерации. Вардар не сум јас и сите кои сега сме во клубот. Тоа е име и презиме за спортот и фудбалот во нашата земја. Очигледно е дека на Сергеј Самсоненко му е потребна помош. Помогнете затоа што ние играчите сме тука. Ние ветуваме дека ќе продолжиме да гинеме за „црвено-црните“ бои. Да добиеме шанса да ја завериме титулата која е на дофат. Да ја крунисаме оваа добра сезона со настап во Лигата на шампионите. Да изгинеме на терен, да донесеме нови радости а со тоа и финансии со кои ке се осигура се она што сега ке се вложи за спас на клубот.
„Јас знам дека ова е спорт, дека постои ривалитет. Но ако нема силен Вардар нема ниту силна Шкендија, ниту пак силна лига. Со сето тоа нема да имаме ниту јак фудбал во Македонија. Вардар ни е потребен на сите… Јас сепак верувам дека во наредните неколку часа ќе се најде решение и ќе дека Вардар ќе успее. Клубот е идентитетот на оваа земја за фудбал. Каде и да одите ќе ве прашаат за Вардар. Затоа сите кои имаат моќ, влијание и одлучуваат треба да се свесни дека спасуваат нешто што вреди и нешто што е многу големо а тоа е ФК Вардар Скопје од Македонија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Познат распоредот на СП: Македонија стартува против Унгарија

Вечерва Загреб беше домаќин на ждрепката за Светското првенство во ракомет што од 12 јануа…