Тоа што се шпекулираше изминатите денови денес доби официјална потврда, Роман Абрамович потврди дека го продава Челзи.
Рускиот милијардер преку соопштение потврди дека нето профитот од продажбата на клубот ќе биде дониран за помош на жртвите на војната во Украина, што е во спротивност со официјалната руска политика дека станува збор за „специјална воена операција“, а не за војна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одлучив да го продадам клубот. Секогаш одлуките што сум ги носел биле во најголем интерес на Челзи. Верувам дека овој потег е во најдобар интерес за клубот, за вработените, навивачите, партнерите и спонзорите“, порача Абрамович.
„Со продажбата на клубот нема да се брза, туку ќе се следи потребната процедура. Нема да барам да ми бидат исплатени заемите. За мене, ова никогаш не беше за бизнис или за пари, туку од чиста страст за фудбалот и за клубот. Дополнително, му дадов инструкции на мојот тим да воспостави добротворна фондација и целиот нето профит од продажбата да биде дониран. Фондацијата ќе биде од корист за сите жртви на војната во Украина“, вели Абрамович во соопштението.