Ерик Абидал пред неколку дена беше избран за нов спортски директор на Барселона и изгледа дека сериозно ја сфатил новата работа.
Абидал пред неколку години одлучи да ја заврши својата кариера, но остана најмногу врзан со Барселона во која ги имаше најдобрите денови во својата кариера. Клубот од „Камп Ноу“ на некој начин сакаше да му се заблагодари на Французинот и му го понуди местото спортски директор што Абидал го прифати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изгледа дека Абидал сериозно ја сфати својата задача и веќе ја започна работата. Според пишувањето на шпанските медиуми, поранешниот француски фудбалер веќе ја направил листата на потенцијалните засилувања на Барса, а на неа се наоѓа и 18-годишниот играч на Манчестер Сити, Фил Фоден.
За Фоден во Англија кажуваат дека за неколку години ќе биде најдобриот играч на Островот, а во младинските категории покажа дека станува збор за добар играч. Очигледно е дека тоа го знае и Абидал кој ќе се обиде да го доведе ова лето во Барселона.