Дома Фудбал Џака збесна и влезе во жестока пресметка со навивачите (Видео)

Џака збесна и влезе во жестока пресметка со навивачите (Видео)

Баер Леверкузен синоќа неочекувано загуби од третолигашот Арминија Билефелд и испадна од германскиот Куп, а Гранит Џака после мечот се најде во жестока расправија со навивачите.

Гостите од Леверкузен поведоа во 17. минута со голот на Јонатан Тах, но само три минути подоцна домаќините возвратија со гол на Мариус Ворл.

Пред да се огласи судијата за задолжителната пауза, Арминија целосно го сврте резултатот и поведе со гол на Максимилиан Гросер.

Навивачите на Баер воопшто не беа задоволни со резултатот и играта на својата екипа синоќа, па по завршувањето на натпреварот се слушнаа гласни свирежи од трибините.

Една од главните ѕвезди на клубот – Џака се упати кон трибините за да разговара со нив и да ја оправда својата екипа, но работите брзо ескалираа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…