Дома Останати Џоана Конта на врвот на кариерата – триумфираше на финалето во Мајами

Џоана Конта на врвот на кариерата – триумфираше на финалето во Мајами

Британката Џоана Конта триумфираше на женскиот дел од Мастерсот во Мајами, откако синоќа по два сета игра за 95 минути ја совлада Каролине Вознијацки од Данска со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3).

Ова за британската тенисерка е нејзин најголем резултат во кариерата.

За турнирската победа таа ќе добие 940.000 долари и од понеделник на ВТА листата ќе биде на седмото место.

Во машкото финале на Мастерсот вечерва ќе играат Рожер Федерер и Рафаел Надал и ова ќе биде нивни 37. меѓусебен дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Зверев дојде до полуфиналето на УС Опен, урна и рекорд на Борис Бекер

Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на САД Опен откако го совлада Ботик ван де …