Дома Фудбал Репрезентации Џеко за инцидентот со Манолас: Што ќе се случи на терен, останува на терен!

Џеко за инцидентот со Манолас: Што ќе се случи на терен, останува на терен!

Репрезентацијата на Босна и Херецеговина одигра реми против Грција (0:0), а тој натпревар ќе остане запаметен по нередите кои се случија после натпреварот.

Посебно интересен за медиумите беше судирот на соиграчите од Рома, Един Џеко и Костас Манолас. Откако Манолас ги навредуваше навивачите на Босна, капитенот Един Џеко одлучи да “поразговара“ со Манолас по што настана Хаос.

Денес Џеко за „Скај Спорт“ зборуваше за споменатите случувања.

„Такви работи се случуваат на теренот, но што ќе се случи на теренот таму и останува. Тоа се заврши, одиме понатаму“, изјави Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…