Дома Фудбал Италија Џампаоло денес добива отказ, познат неговиот наследник

Џампаоло денес добива отказ, познат неговиот наследник

Милан на катастрофален начин ја отвори сезоната и после првите седум кола веќе има три порази.

Италијанските медиуми пренесуваат дека победата над Џенова најверојатно нема да му помогне на тренерот Џампаоло да го избегне отказот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан во последното ја победи Џенова во трилер натпревар, но играше лошо, па раководството не е задоволно од работата на тренерот и од изборот на играчи кои ги прави.

„Скај Спорт“ пренесува дека веќе е донесена одлука и Џампаоло денес официјално ќе добие отказ, а клубот моментално преговара за негов наследник.

Прва мета е Лучијано Спалети, кој наводно дал зелено светло, но сега треба да го раскине договорот со Интер бидејќи се уште е под договор со „нероаѕурите“.

Како алтернативи се споменуваат Пиоли и Раниери, кои се спремни да го преземат кормилото само до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…