Дома Трансфер зона Ќе останат ли Мбапе и Нејмар во ПСЖ? Еве го коментарот на Покетино

Ќе останат ли Мбапе и Нејмар во ПСЖ? Еве го коментарот на Покетино

Шефот на стручниот штаб на ПСЖ, Маурисио Покетино е убеден дека Нејмар и Килијан Мбапе и наредната сезона ќе го носат дресот на овој клуб.

Во последно време во медиумите многу се шпекулира за можно заминување на Нејмар и Мбапе од ПСЖ. Двајцата се поврзуваат со бројни клубови.

„Целта секогаш на ПСЖ е да ги задржи најдобрите, па така е и со Нејмар и Мбапе. Оптимист сум и верувам дека ќе останат. Верни се на клубот и знам дека секоја екипа сака да има такви играчи во своите редови. Што е до мене ќе направам се да останат“, порача Покетино.

На крајот новинарите го запрашаа и за пресметката со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, тој одговори дека секогаш сака да игра против Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Паул после само 6 месеци се враќа во Серија А

Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ј…