Дома Фудбал Италија Ќе видиме ли и навивачи на стадионите во Серија А оваа сезона?

Ќе видиме ли и навивачи на стадионите во Серија А оваа сезона?

Заменик секретарот на италијанското министерство за здравство Алесандро Зампа потврди дека владата до крајот на сезоната во Серија А која наскоро ќе продолжи би можела да дозволи присуство на навивачи на стадионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бројот на нови потврдени случаи на Ковид-19, но и бројот на смртни слуачи од коронавирус и понатаму е во пад во Италија. Премиерот Џузепе Конте вчера одржа прес-конференција на која го потврди преминувањето на третата уште послободна фаза во борбата со пандемијата.

Наскоро Италија ќе ги отвори кината и театрите (со почитување на мерките за дистанцирање), па фудбалските клубови се прашуваат зошто тие на стадионите не би можеле да го направат истото.

„Можно е, разговаравме за таа опција. Статистичките податоци кои ги добиваме се од голема помош и сега имаме добар знак дека се движиме кон целосна слобода. Ако продолжи трендот кој го имаме сега наскоро би можеле да се вратиме на нормалниот живот“, порача Зампа.

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 20 јуни додека седум дена претходно ќе се играат натпреварите од завршницата на Купот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…