Дома Трансфер зона Љоренте: Реал? Ако ме повика Анчелоти ќе играм и бесплатно

Љоренте: Реал? Ако ме повика Анчелоти ќе играм и бесплатно

Шпанскиот ветеран Фернандо Љоренте на 37 години е без клуб, но тој нема намера да се пензионира и чека да добие понуда која ќе му одговара.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сега во интервју за емисијата „Ел Ларгеро“ Љоренте порача дека нема ништо против за Реал Мадрид да игра и бесплатно. Љоренте со задовлство би ја прифатил улогата да биде резерва на Карим Бензема.

„До Реал Мадрид никогаш не сум бил блиску. Кога покажуваа интерес, јас имав договор со Атлетик и кога сте под договор ситуацијата знае да биде комплицирана. Атлетик Билбао не сакаше да ме пушти, а Реал Мадрид немаше намера да ја плаќа откупната клазула која беше поставена за мене“.

Тогаш место во Реал Мадрид Љоренте се пресели во редовите на Јувентус.

„Кога не испадна ништо од Реал Мадрид Јувентус реагираше побрзо. За мене Реал Мадрид е најдобриот тим во светот во овој момент, неверојатно е тоа што го прават во Лигата на шампионите. Ако ме повика Анчелоти спремен сум да играм бесплатно“, изјави Љоренте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На повидок скандал во Премиер лигата: Ќе треба да загубат за да играат во Лигата на шампионите?!

Борнмут со убедливата победа од 3:0 против Кристал Палас ја презеде водечката позиција во …