
Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓
Српскиот репрезентативец Адем Љаиќ е „пречкртан“ од новиот тренер на Торино, па би можел наскоро да го напушти италијанскиот клуб.
Мацари не смета на неговите услуги, па Љаиќ оваа календарска година не помина ни една минута на теренот.
Поради тоа клубот му ја отвори излезната врата, а италијанските медиуми тврдат дека пред него се две опции – Русија или Кина.
Трансфер пазарот во овие две држави е се уште отворен, а интерес за Љаиќ покажува Спартак Москва и неколку кинекси клубови.
Тороно за неговата слобода бара помеѓу 8 и 10 милиони евра.