Дома Останати Кошарка Јокиќ знае што му недостига на Денвер: Мора да бидеме гладни за успех

Јокиќ знае што му недостига на Денвер: Мора да бидеме гладни за успех

Кошаркарот на Денвер Никола Јокиќ изјави дека неговиот тим не играл добра одбрана во првото полувреме на натпреварот против Њу Орлеанс во НБА лигата, но додаде дека Нагетси заслужено дојдоа до победа.

Кошаркарите на Денвер утрово по продолжение ја победија екипата на Њу Орлеанс со резултат 132:129. Јокиќ на овој натпревар запиша 27 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Тие добро шутираа, момците на кои не смееме да им дозволиме да шутираат, шутираа добро, особено во првото полувреме. Играа со брзо темпо и постигнуваа поени. Ние не игравме добра одбрана во првото полувреме, но потоа се вративме, а тоа е најважната работа,” рече Јокиќ и додаде:

„Изгледа дека едноставно ни се допаѓа да играме така. Не знам, ама не е забавно да се игра на тој начин. Треба да бидеме повеќе гладни, ајде така да кажам”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…