Дома Останати Кошарка Јокиќ со помош на Мареј ја урна Филаделфија за крај на „црната серија“ на Денвер (Видео)

Јокиќ со помош на Мареј ја урна Филаделфија за крај на „црната серија“ на Денвер (Видео)

Седум натпревари беа одиграни во НБА лигата во ноќта меѓу петокот и саботата. Денвер како гостин го прекина својот низ од три порази со победа во неизвесната завршница против Филаделфија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нагетс славеа на крајот со 137:134 предводени од Џамал Мареј кој постигна 31 поен со 11 асистенции и Никола Јокиќ на кој му недостасуваше еден скок за нов трипл-дабл. Српскиот центар го заврши натпреварот со 28 поени, 13 асистенции и девет скокови. Имаше шут од игра 10 од 14 и два од три за три поени.

Портер додаде 24 поени, Стротер 18, а двоцифрени беа и Браун со 15 и Гордон со 11 поени.

Во екипата на Филаделфија, Макси постигна 42 поени со девет асистенции, Џабусел изброја до 28.

Неизвесно беше цело време, па и во финишот. Филаделфија изедначи на 130:130 на 54 секунди до крајот, но следеа погодоци на Мареј за три и Јокиќ за два поена, за сè да се реши со две погодоци слободни фрлања од Мареј на три секунди до крајот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…