Дома Останати Кошарка Јокиќ доби интересен предлог од музичка ѕвезда – да пее на Ол-стар мечот!

Јокиќ доби интересен предлог од музичка ѕвезда – да пее на Ол-стар мечот!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги поместува границите во НБА лигата, а новото „чудо“ во режија на асот на Денвер Нагетс се случи во ноќта меѓу четврток и петок, кога со тројка на звук од сирена ја воодушеви публиката на натпреварот против Сакраменто Кингс.

Сето тоа го подигна расположението на медиумите на прес-конференцијата организирана по дуелот во Колорадо, а српскиот ас го „олади“ познатиот музички изведувач „50 Сент“ кој го покани да пеат заедно на претстојниот Ол-стар.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Со ладнокрвност, Јокиќ без многу возбуда порача дека шансите да пее со познатиот изведувач на хип-хоп музика се многу мали и дека повеќе би избрал да постигне тројка.

„Многу, многу, многу мали. Секогаш би избрал да постигнам тројка“, рече Јокиќ по натпреварот каде со трипл-дабл учинок од 35 поени, 22 скока и 17 асистенции беше убедливо најдобриот актер на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Едно каде ја промени иднината на Лука Дончиќ: Навивач на Лејкерс случајно ги фотографирал преговорите трејдот кој ја потресе НБА!

Сензационалната размена во која Лос Анџелес Лејкерс го доведоа Лука Дончиќ минатата недела…