Дома Останати Кошарка Јокиќ доби интересен предлог од музичка ѕвезда – да пее на Ол-стар мечот!

Јокиќ доби интересен предлог од музичка ѕвезда – да пее на Ол-стар мечот!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги поместува границите во НБА лигата, а новото „чудо“ во режија на асот на Денвер Нагетс се случи во ноќта меѓу четврток и петок, кога со тројка на звук од сирена ја воодушеви публиката на натпреварот против Сакраменто Кингс.

Сето тоа го подигна расположението на медиумите на прес-конференцијата организирана по дуелот во Колорадо, а српскиот ас го „олади“ познатиот музички изведувач „50 Сент“ кој го покани да пеат заедно на претстојниот Ол-стар.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Со ладнокрвност, Јокиќ без многу возбуда порача дека шансите да пее со познатиот изведувач на хип-хоп музика се многу мали и дека повеќе би избрал да постигне тројка.

„Многу, многу, многу мали. Секогаш би избрал да постигнам тројка“, рече Јокиќ по натпреварот каде со трипл-дабл учинок од 35 поени, 22 скока и 17 асистенции беше убедливо најдобриот актер на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никола Јокиќ втор пат по ред играч на неделата (Фото)

Никола Јокиќ, центарот на Денвер, втор пат по ред е прогласен за најдобар играч на неделат…