Дома Фудбал Јунајтед почнува преговори со Де Геа за нов договор

Јунајтед почнува преговори со Де Геа за нов договор

Манчестер Јунајтед е спремен да започне преговори со голманот Де Геа за продолжување на договорот, пренесуваат медиумите на Островот.

Актуелниот договор на Де Геа истекува во јуни 2023 година, но „црвените ѓаволи“ сакаат да го продолжат договорот со шпанскиот голман.

Сите во клубот се задоволни со неговите партии оваа сезона, па затоа раководството смета дека сега е вистинско време да му понуди нов договор.

Де Геа на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Манчестер Јунајтед не сака да му се повтори ситуацијата која ја има со Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трајчески асистираше на роденденот, но Авондејл остана без победа

Кристијан Трајчески го подготви водечкиот гол на Авондејл, кој загуби со 2-1 од Бродмедоу …