Манчестер Јунајтед доживеа изненадувачки пораз од Јанг Бојс во првото коло од ЛШ. Севиља ремизираше со Салзбург.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ почнаа одлично, во 13-та минута Роналдо го отвори резултатот после фантастична асистенција на Бруно Фернандеш.
Клучниот момент на мечот се случи во 35. минута кога Ван Бисака доби директен црвен картон и Манчестер Јунајтед остана со фудбалер помалку на теренот.
Во 66. минута кога Моуми Нгамалеу израмни на 1-1, а шокот за Јунајтед стигна во 95-та минута кога Јанг Бојс дојде до победа со голот на Сиебачеу.
На другиот натпревар Севиља и Салцбург одиграа 1:1 во луд натпревар со четири пенали.