Дома Трансфер зона Јунајтед има нова идеја, тргнуваат по миленикот со кого освоија две титули!?

Јунајтед има нова идеја, тргнуваат по миленикот со кого освоија две титули!?

chicharito

После вчерашната „бомба“ дека Манчестер Јунајтед е спремен да му парира на Манчестер Сити за Алексис Санчез, денес ново/старо име се поврзува со „ѓаволите“.

Имено, како што пренесува „Мирор“ управата на клубот работи на доведување на Хавиер Ернандез – Чичарито.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиуми, Мурињо сака да ја засили конкуренцијата во нападот бидејќи Ромелу Лукаку постигна само пет погодоци на 21 натпревар, додека Златан Ибрахимовиќ не е истиот по враќањето од повредата, а утрово се појави и информација дека би можел да се пресели во турски Бешикташ. Повеќе за ова ТУКА.

Во Јунајтед веруваат дека Чичарито е достапен за сума од 17 милиони фунти колку што клубот од Лондон плати за него минатото лето.

Да потсетиме, Чичарито во Јунајтед помина пет години (2010-2015), а освои две титули во Премиер лигата и еден во Комјунити Шилд.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…