Дома Топ вести Јунајтед го шокира Реал со цената за Погба!

Јунајтед го шокира Реал со цената за Погба!

Раководството на Манчестер Јунајтед ја подгна цената за Пол Погба со цел да ги откаже претензиите на Реал Мадрид, пишува „Марка“.

„Кралевите“ силно го посакуваат Погба, кој треба да биде „круна“ на летниот преоден рок на „Сантиаго Бернабеу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според „Марка“, мадриѓаните добиле шокантен одговор од своите колеги од „Олд Трафорд“ кои за слободата на Французинот сега бараат 200 милиони евра.

Притоа, „црвените ѓаволи“ објавија дека после 8 август, кога се затвора трансфер прозорецот во Англија, нема да слушаат ниту еден предлог за свој играч, без разлика дали станува збор за Погба или за некој друг.

Значи, ако нема брзо решение, Реал може да го одложи трансферот за следното лето. „Кралевиет“ веќе потрошија повеќе од 300 милиони евра и не се спремни да платат толкава цена за Погба.

„Погба е фантастичен фудбалер и човек. Голем професионалец. Кога бев тренер во Молде секогаш говорев ако Погба е твој играч треба тимот да градиш околу него. Тоа го мислам и сега. Знаеме дека често е мета на критика, но има луѓе кои го сакаат“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…