Дома Топ вести Јунајтед беше спремен да го донесе Дембеле без прегледи, но трансферот пропадна!

Јунајтед беше спремен да го донесе Дембеле без прегледи, но трансферот пропадна!

Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле ќе остане на „Камп Ноу“ и нема да се пресели во Манчестер Јунајтед, потврдија шпанските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ водеа интензивни преговори со Барселона, но не успеаа да најдат заеднички јазик околу трансферот. Главната причина за тоа е што Јунајтед сакаше да го донесе Дембеле само на позајмица, додека Барса инсистираше на перманентен трансфер.

Каталонски „Спорт“ тврди дека Јунајтед бил спремен да го донесе Французинот и без редовните лекарски прегледи, само да успее да го комплетира трансферот до затворањето на преодниот рок, односно до полноќ.

Дембеле денес не тренираше со остатокот од тимот. Тој се појави во тренинг центарот на Барселона и набрзо го напушти. Тоа ги зголеми шпекулациите за негов трансфер на „Олд Трафорд“.

Меѓутоа, и покрај сите напори на Манчестер Јунајтед, не успеа да најде заеднички јазик со Барселона и Дембеле дефинитивно останува на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер блиску до големо засилување

Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и оваа сезона, п…