Како што објавија италијанските и германските медиуми Јувентус го доведе 17-годишниот талент од Баерн Минхен, Кенан Јилдиз.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На талентираниот турски играч од средниот ред му истече договорот со Баерн. Јилдиз во Баерн дојде во 2021 година од младиот тим на Регенсбург.




Тој беше и на радарот на Барселона, но сепак на крајот се одлучи за трансфер во Италија. Според она што се пишува во медиумите тој се смета за еден од поголемите таленти на својата позиција во Европа.




Ќе потсетиме, Јувентус овие денови работи и на трансферите на Пол Погба и Анхел Ди Марија кои пристигнуваат исто така бесплатно.



