Дома Трансфер зона Јувентус ја одреди цената за Дибала

Јувентус ја одреди цената за Дибала

Интересот за напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е голем, па Аргентинецот ова лето може да ја промени средината.

За него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Пари Сент Жермен и Баерн Минхен), но „бјанконерите“ не сакаат лесно да се разделат од Аргентинецот. Според „Калчомеркато“, италијанскиот шампион е подготвен да го ослободи напаѓачот ако добие 80 милиони евра плус уште 20 милиони во форма на бонуси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во овој момент, Манчестер Јунајтед е фаворит за потписот на Дибала. Самиот играч сака да се пресели на „Олд Трафорд“, каде што му е ветено место во стартниот тим. Покрај тоа, може да се користи во зделката за привлекување на Пол Погба во Торино.

Медиумите тврдат дека во изминатите денови пристигнала понуда од 50 милиони евра плус бонуси за Дибала, но Јувентус експресно ја одбил.

25-годишниоит Дибала досега за Јуве има одиграно 128 натпревари, на кои постигна 57 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…