Maурицио Сари (62) и понатаму е без ангажман откако минатото лето доби отказ во Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Освојувањето на Скудетото во неговата дебитантска сезона не беше доволно за италијанскиот стратег да остане на клупата на „старата дама“. Сари го напушти Јувентус на 8. август.
Италијанските медиуми пишуваат дека Сари и понатаму е под договор со Јувентус и тој има важност до летото 2022 година и дека Јувентус уредно го исплаќа. Сари според потпишаниот договор со Јувентус треба да заработи 17.3 милиони евра и поради тоа не брза со пронаоѓањето нова работа.
Во случај да оди во друг клуб би морал да го раскине договорот, а сигурно дека повторно нема да може да добие таков договор.