Дома Топ вести Јувентус со прва понуда за голгетерското „чудо“ Халанд

Јувентус со прва понуда за голгетерското „чудо“ Халанд

Со само 19 години Ерлинг Халанд игра фантастично оваа сезона и буквално ја воодушеви фудбалска Европа со своите настапи во Лигата на шампиони.

Настапите на Халанд во Лигата на Шампионите не поминаа незабележано од гиганти како Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кои наводно веќе испраќале понуди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извесно е дека клубот од градот на Моцарт значително ќе профитира од продажбата на Халанд. Норвежанецот во Салзбург пристигна на почетокот на оваа година од Молде за само пет милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и веќе испратил прва понуда за Халанд. „Старата дама“ понудила 40 милиони евра плус бонуси, меѓутоа тоа не е доволно да се убеди Салцбург да ја пушти својата ѕвезда.

Преговорите меѓу двата клуба ќе продолжат и следните месеци, а првичната сума која ја бара Салцбург за својата ѕвезда е 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…