Дома Трансфер зона Јувентус се засили со аргентински талент

Јувентус се засили со аргентински талент

Eкипата на Јувентус можеби полека се откажува од битката за титулата во Серија А сезонава, но во Торино сериозно работат на создавање на тим за наредната сезона.

Имено, денес клубот од Торино го потврди ангажманот на Мартин Браидо. Браидо е офанзивен фудбалер кој има само 16 години и во Јувентус пристигнува од аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тој е првично ангажиран за академијата на Јувентус каде што ќе треба да се докаже за да добие шанса во првиот тим.

Аргентинските медиуми веќе го нарекуваа „новиот Дибала“, а исто така го следеше и Барселона. Јувентус за почеток му понуди договор на две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукаку спремен да каже ДА на понудата од Саудиска Арабија

Ромелу Лукаку оваа сезона игра во Рома како позајмен фудбалер од Челзи, но неговата иднина…