Дома Трансфер зона Јувентус се вклучи во трката за Ренато Санчез

Јувентус се вклучи во трката за Ренато Санчез

Јувентус е последниот клуб кој се вклучи во трката за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, пренесува „Тутоспорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според пишувањето на медиумите Лил е спремен во летниот преоден рок да го продаде Санчез на кого договорот со францускиот клуб му истекува летото 2023 година.

Португалецот ја оживеа својата кариера во Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес за него покажуваа Милан и Арсенал.

Сега и Јувентус се вклучи во трката за Санчез, бидејќи Алегри смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, а бара и засилување на средниот ред.

„Старата дама“ веќе стапила во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш и ќе се обиде да ја победи конкуренцијата, но Милан во моментов е во пол-позиција за потписот на Ренато Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…