Дома Фудбал Останато Јувентус преку пенал рулетот до победа против МЛС тимот, „бомбардерот“ ја продолжи турнеата од соништата (видео)

Јувентус преку пенал рулетот до победа против МЛС тимот, „бомбардерот“ ја продолжи турнеата од соништата (видео)

Кога тимот ќе се врати во Италија, тој оди во Џенова, но ова лето Јувентус покажа каков бисер има во сопственост.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Го сруши Баерн со два гола, а изминатата ноќ повторно се запиша во листата на стрелци против тимот од МЛС лигата.

Андреа Фавали е млад италијански репрезентативец, има 21 година и ќе биде испратен на позајмица во Џенова. Ако продолжи вака да ги тресе мрежите следната сезона би можел да добие шанса во Јувентус.

Италијанскиот шампион против МЛС тимот славеше на пенали, Фавали постигна гол во првото полувреме со кој го доведе Јувентус во водство, за потоа да изедначи Џозеф Мартинез, на воодушевувње на повеќе од 70.000 навивачи во Атланта.

После пенал рулетот Јувентус успеа да слави со 5:3. Турнеата во САД Јувентус ја завршува овој викенд кога ќе игра против Реал Мадрид, потоа следи враќање во Торино каде што ги чека Роналдо, но и најновото засилување, повратникот Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голема трагедија го погоди семејството на турскиот селектор Винченцо Монтела

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, се соочува со тежок сем…