Стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри има јасна стратегија за следната сезона и очекува Јувентус да доведе неколку засилувања, а посебно се истакнува потребата за замена за Паоло Дибала.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите во Италија тврдат дека во Јувентус веќе закажале средба со раководството на Сасуоло и на таа средба ќе се разговара за двајца фудбалери. Според информациите Јувентус сака да ги доведе Џакомо Распадори и Давиде Фратези, играчи кои имаат одлична сезона и голем потенцијал пред себе.




Алегри веќе дал зелено светло за Распадори кој би требало да биде наследник на Дибала. Од друга страна главниот квалитет на Фратези е неговата можност да покрива повеќе позиции во средината на теренот.




Шпекулациите се дека Јувентус за овие засилувања би требало да издвои околу 50 милиони евра.