Дома Фудбал Јувентус после половина година не прими гол

Јувентус после половина година не прими гол

Вчерашната победа над Малме (0:3) во Лигата на шампиони беше првиот меч на „бјанконерите“ без примен гол после цели 6 месеци.

Последен пат „старата дама“ не прими гол на 2 март на мечот против Специја во Серија А кој заврши со резултат 3:0.

Проблемите на Јувентус во одбрана се очигледни и сериозно се одразуваат на резултатите. Во последните 19 натпревари во сите натпреварувања „бјанконерите“ примиле барем еден гол.

Јувентус лошо ја отвори сезоната и после првите три кола во Серија А има само еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел им ја затвори вратата на клубовите: Со Англија имам недовршена работа

Германскиот селектор не планира да ја напушти Англија пред ЕП 2028, иако признава дека му …