Вчера италијанските медиуми лансираа вест дека Јувентус работи на доведување на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Договорот на Серхио Рамос со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, па Јувентус сакаше да ја искористи таквата ситуација и да го доведе дефанзивецот како слободен агент.
Шпекулациите уште повеќе се засилија бидејќи имаше застој во преговорите помеѓу Реал Мадрид и агентите на Рамос.
Меѓутоа, денес „Марка“ ексклузивно објави дека Реал Мадрид и Серхио Рамос постигнале договор за продолжување на соработката.
„Рамос набрзо ќе потпише нов договор со Реал Мадрид и тоа не е ништо ново. Никакви проблеми засега не постојат. Тој сака да игра за Реал Мадрид и Флорентино Перез го сака во клубот“, пишува „Марка“.