Дома Трансфер зона Јувентус не се откажува од Иско

Јувентус не се откажува од Иско

0

Раководството на Јувентус не се откажува од идејата во своите редови да ја донесе ѕвездата на Реал Мадрид, Иско, пренесуваат италијанските медиуми.

Инетресот на „старата дама“ за шпанскиот плејмејкер е познат од поодамна, но до сега „кралевите“ одолеваа на „нападите“ од италијанскиот шампион.

Новиот тренер, Маурицио Сари смета дека Иско би бил идеален за неговиот стил на игра бидејќи може да игра позади двајца напаѓачи.

Следното лето Шпнанецот ќе биде главна трансфер цел на „бјанконерите“, кои веќе почнале да работат на трансферот и ги направиле првите контакти со неговите агенти.

Иско има договор со Реал Мадрид до 2021 година, па следното лето ќе влезе во последната година од договорот.

Неговата пазарна вредност во моментов изнесува 75 милиони евра, сума која Јувентус е спремен да ја плати.

И легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло неодамна изјави дека „Јувентус има потреба од играч како Иско“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го сака играчот за врска на Барселона

Италијанскиот гигант Милан лошо ја отвори сезоната и после седум кола беше принуден да го …