Алваро Мората на лето ќе си бара нов клуб, бидејќи Јувентус одлучил да не го откупи неговиот договор, пренесуваат италијанските медиуми.




Мората сака да остане во Јувенус и покрај фактот што неговата минутажа се намали со доаѓањето на Влаховиќ.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Меѓутоа, „старата дама“ нема намера да плати 35 милиони евра за откуп на неговиот договор. Мората игра во Торино на позајмица од Атлетико Мадрид.




Мората на лето ќе се врати во Атлетико, но јасно е дека за него нема повеќе место во тимот на Симеоне, па ќе мора да си бара нов клуб.
Најсилен интерес за шпанскиот напаѓач покажуваат Барселона и Арсенал.