Дома Топ вести Јувентус на чекор од големо засилување – фудбалерот не сака ниту да тренира!

Јувентус на чекор од големо засилување – фудбалерот не сака ниту да тренира!

Екипата на Јувентус долго време се обидува да го доведе Теун Копмајнерс од редовите на Аталанта, а сега од Бергамо пристигна потврда дека и самиот фудбалер притиска да се реализира трансферот.

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини откри дека фудбалерот повеќе не сака да тренира со тимот и јасно кажал дека сака да се пресели во Торино.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Се се одвиваше според планот до минатата недела, тогаш Теун Копмајнерс ни кажа дека сака да се пресели во Јувентус. Тој не сака ниту да тренира повеќе со нас“, изјави Гасперини.

Копмајнерс веќе ги договорил личните услови со Јувентус, но се чека договор помеѓу двата клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…