Дома Трансфер зона Јувентус на лето тргнува по ѕвездата на Челзи?

Јувентус на лето тргнува по ѕвездата на Челзи?

Сегашниот тренер на Јувентус, Маурисио Сари веќе работеше со 31-годишниот крилен фудбалер додека ја водеше лондонската екипа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус следното лето би можел да го доведе Бразилецот Вилијан од Челзи, пишуваат италијанските медиуми. Како што тврди италијанскиот „TuttoSport“, Јувентус ја следи ситуацијата со него и Челзи и доколку не потпише нов договор до јануари ќе се обиде да го доведе во Торино и со тоа да ја засили екипата на тимот во походот на Лигата на Шампионите.

Вилијан во Челзи има договор до крајот на сезоната и уште во јануари може да постигне преддоговор со некој друг клуб каде што би си заминал без надомест. Бразилецот за Челзи запиша 203 настапи и постигна 28 гола, додека за бразилската репрезентација настапи 69 пати и постигна девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…