Дома Топ вести Јувентус му нуди на Манчестер Јунајтед спректакуларна трампа

Јувентус му нуди на Манчестер Јунајтед спректакуларна трампа

Иднината на Пол Погба и ова лето е главна тема и се погласни се шпекулациите дека Французинот може да си замине од „Олд Трафорд“.

Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Реал Мадрид, но сега Јувентус спреми план како да ги надмудри „кралевите“ во трката за потписот на Погба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Јувентус е подготвен да ги понуди Пауло Дибала и Алекс Сандро, па „бјанконерите“ се надеваат дека ќе успеат со тие двајца фудбалери да ја убедат управата на „ѓаволите“ да го пуштат Погба.

„Старата дама“ сака да го искористи интересот на Манчестер јунајтед за Пауло Дибала и Алекс Сандро и да предложи мега трампа со која ќе го врати Погба во Торино.

Настапите на Погба во минатата сезона не беа на вистинско ниво и Французинот добива многу критики, па можеби е најдобро да се врати во клубот каде ја доживеа својата афирмација.

Да потсетиме, Погба четири сезони беше играч на Јувентус, а во 2016 година премина во Манчестер Јунајтед за тогаш рекорден трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигнат договор, Лукаку се сели во Наполи

Ромелу Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми. Како …