Дома Топ вести Јувентус и ПСЖ спремаат трампа на деценијата

Јувентус и ПСЖ спремаат трампа на деценијата

Познатиот портал „Диарио Гол“ денес лансираше вистинска трансфер „бомба“ и тврди дека Кристиано Роналдо ова лето би можел да се пресели во Париз.

Поради пандемијата со коронавирус ова лето ќе бидеме сведоци на многу трами, а Јувентус и ПСЖ би можеле да направат спектакуларна трампа.

„Диарио Гол“ тврди дека ПСЖ е спремен да се откаже од услугите на Нејмар за да дојде до потписот на Кристиано Роналдо.

Јувентус е свесен дека 35-годишниот Португалец е на залез на кариерата и има само две години од договорот, па со раширени раце е спремен да ја прифати оваа трампа.

Нејмар не е среќен во Париз, но има 28 години и во Јувентус веруваат дека би бил идеален фудбалер на кого би го граделе тимот во наредните години.

Поради тоа „бјанконерите“ се спремни да му ја понудат истата плата од Роналдо, односно 31 милион евра по сезона, за да го убедат Бразилецот да се пресели во Торино.

Доколку се реализира оваа трампа сигурно ќе предизвика „земјотрес“ во фудбалска Европа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ОФИЦИЈАЛНО: Работнички ја наполни касата, Тошевски е нов играч на Ростов!

Работнички уште една голема зделка – Давид Тошевски е нов играч на Ростов. 18 годишниот То…