Иднината на Алексис Санчез е главна тема во медиумите, откако стана јасно дека Чилеанецот на крајот на сезоната ќе го напушти Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Преговорите за продолжување на неговиот договор со „топџиите“ се прекинати и наводно Санчез го известил раководството дека не сака да потпише нов договор, а тоа значи дека Арсенал ќе мора да го продаде ова лето.
Многу европски клубови се интересираат за Санчез, а медумите откриваат дека веќе стигнала првата понуда на адреса на Арсенал за Чилеанецот.
Како што пренесува „Тајмс“ стигнала понуда од Јувентус тешка 30 милиони евра, а челниците на Арсенал веднаш ја одбиле и ја окарактеризирале како навредлива.
„Топџиите“ се надеваат дека за Санчез ќе добијат двојно поголема сума, а медиумите тврдат дека ПСЖ и Интер се спремни да платат околу 60 милиони евра за потписот на Чилеанецот.