Дома Топ вести Јувентус го чека „колапсот“ на Милан за да им ја „украде“ младата ѕвезда

Јувентус го чека „колапсот“ на Милан за да им ја „украде“ младата ѕвезда

0

До Леон Горецка тешко ќе стигна, Емре Џан изгледа и не е така блиску, а „старата дама“ најголемото засилување би можела да го добие од „Сан Сиро“.

Јувентус јасно откри дека Леон Горецка и Емре Џан се нивните главни мети, но едно се желбите, а друго реалноста. Горецка е блиску до трансфер во Барселона, додека Џан би можел да заврши во Баерн или Челзи, а ниту нов договор со Ливерпул не би било изненадување. Меѓутоа, медиумите во Италија шпекулираат дека Јувентус има скриени планови…

„Старата дама“ наводно внимателно ја следи ситуацијата во Милан и чека шанса од големиот ривал да го „украде“ Алесио Ромањоли. Младиот дефанзивец е доведен пред две години за голема сума како фудбалер за долги патеки во одбраната, но ситуацијата во клубот би можела да ги примора „росонерите“ да продаваат.

Уште во текот минатото лето кога Милан покажа интерес за Бонучи, Јуве на стартот од преговорите го бараше Ромањоли во замена, но во Милан немаа намера да го пуштат преспективниот дефанзивец.

Сега работите се менуваат. Милан има лош почеток и се подалеку е од пласман во Лигата на шампионите, а тоа би донело и катастрофални последици на клубот. Доколку не изборат пласман во Лигата на шампионите, „росонерите“ нема да можат даги покријат средствата вложени минатото лето и „жртви“ ќе мора да има.

Секако во Милан се надеваат дека до тоа нема да дојде, а и доколку дојде сигурно дека нема да сакаат да го засилат големиот ривал. Од друга страна Јувентус е спремен за Ромањоли да плати 30 милиони евра и така да направи целосно смена на генерација.

Познатото „BBC“ беше растурено минатото лето кога Бонучи премина во Милан. Брзаљи на крајот од сезоната би можел да замине во пензија, додека на Киелни му истекува договорот.

Јуве веќе го афирмираше Даниеле Ругани како наследник на Бонучи, договорен е Матија Калдара како замена за Брзаљи, а Ромањоли би можел да го наследи Киелни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Топ вести

Проверете

Љајиќ и Михајловиќ во конфликт, Сари и Наполи ја користат ситуацијата?

Maурицио Сари го сака фудбалерот на Торино и репрезентативецот на Србија. Изненадувачки Ад…