Дома Трансфер зона Јувентус го претстави Кансело: Целта е освојување на Лига на шампиони

Јувентус го претстави Кансело: Целта е освојување на Лига на шампиони

0

Португалскиот десен век Жоао Кансело денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Јувентус, каде ќе го носи дресот со број 20.

Кансело минатата сезона играше за Интер, но откако „нероаѕурите“ не го откупија неговиот договор, „бјанконерите“ се договорија со Валенсија за трансфер тежок 40 милиони евра.

„Големо задоволство за мене и целиот тим е што ќе играм заедно со Кристиано Роналдо. Тој е играч кој има шампионски менталитет и тоа е исклучително важно. Нашата цел оваа сезона е Лигата на шампиони, но знаеме дека нема да биде лесно. Тој трофеј е многу значаен за нас и знаеме дека имаме квалитет да го освоиме“, изјави Кансело.

„Во Интер научив многу, созреав како играч и се адаптирав на Серија А. „Нероаѕурите“ не го откупија мојот договор, а Јувентус ме сакаше повеќе од сите и среќен сум што сум тука“, додаде Португалецот.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Емери сака засилување во одбраната: Арсенал „мерка“ дефанзивец кој знае и да погодува

Унаи Емери одлично започна во Арсенал, но освен на настапите оваа сезона Емери размислува …