Од натпревар во натпревар момчето од Сомбор не престанува да изненадува. Токму кога ќе помислиме дека сме виделе се од него, Никола Јокиќ прави некоја магија и не остава целосно без зборови.
Уште еден настап за учебници по кошарка, синоќа прикажа маестралниот српски кошаркар.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Нагетс забележаа исклучително важна победа во битката за првото место на Западот на тешкото гостување против Јута, а Никола Јокиќ беше нерешлива енигма за противничката одбрана.
Натпреварот заврши со импресивен дабл-дабл учинок – забележа 28 поени, 13 скока и седум асистенции. Погоди 12/20 од поле и упати две тројки од исто толку обиди.
Во текот на целиот натпревар си поигруваше со противничките кошаркари. Доминираше во рекетот, уфрлуваше тројки, даваше спектакуларни асистенции и со чудесни потези ги излудуваше противничките играчи.
Уживајте во најдобрите потези од мечот на маестралниот Никола Јокиќ: