Дома Македонски спорт Мак ракомет Јовиќ по ждрепката за Лигата на шампионите: Ни претстои сезона во која треба да уживаме

Јовиќ по ждрепката за Лигата на шампионите: Ни претстои сезона во која треба да уживаме

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ги дозна противници во групната фаза од Лигата на шампионите.

Битолскиот состав ќе игра во групата А против Кил, Келце, ПИК Сегед, ПСЖ, Алборг и Загреб. Tренерот на „пелистерци“, Александар Јовиќ ја даде и првата изјава по ждрепката.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита.

Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“, изјави Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…