Дома Фудбал Јовиќ конечно го постигна деби голот за Реал па испрати јасна порака

Јовиќ конечно го постигна деби голот за Реал па испрати јасна порака

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ синоќа конечно го постигна првенецот во дресот на Реал Мадрид.

Јовиќ во натпреварот против Леганес доби 15-тина минути за игра и ја оправда довербата дадена од тренерот Зинедин Зидан постигнувајќи погодок за 5:0 во натпреварот од 11. коло во Ла Лига.

Јовиќ на деби голот чекаше цели три месеци, а откако го постигна порача дека е многу среќен.

„Многу сум среќен. Хала Мадрид.“ – рече Јовиќ после натпреварот, а пренесе официјалната Фејзбук страна на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…